Петмина Кинези протерани од Македонија – илегално влегле во земјава со намера да одат во Грција

Од:

Петмина Кинези се протерани од Македонија и добија забрана за влез. Три женски и две машки лице илегално влегле во земјава преку Србија и сакале илегално да влезат и во Грција по што биле откриени на граничниот премин.

На 13.05.2024 околу 09.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ затекнале пет лица од Кина (три женски и две машки) при обид илегално да ја преминат држвната граница од Република Северна Македонија кон Република Грција.

На 12.05.2024 тие влегле во Република Србија преку аеродромот во Белград, по што на 13.05.2024 оствариле илегален влез во држвата.

Регионалниот центар за гранични работи Југ – Одделение за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Гевгелија до Основен суд Гевгелија поднесе барање за поведување на прекршочна постапка, по што од Судија за прекршоци изречена им е глоба и прекршочна санкција – протерување на странец од РСМ со забрана за влез во траење од една година.

Би можело да ве интересира

Си направи голема „чистка“ во Кина

Шест мигранти затекнати во автомобил, возачот заврши во полициска станица

Горан Наумовски

Србин фатен со мигранти на автопатот кај Гевгелија

Кина ги престигна САД

(ВИДЕО) Голема експлозија во продавница за пиротехника, најмалку осум лица загинаа, а има и повредени

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод