Петковски: Политичките партии да не дозволат изместување на фокусот на државата од демократските и цивилизациски вредности на современиот свет

Од:

Општинската организација на НСДП од Тетово вчера одржа изборна конференција на која се избра ново локално раководство. Досегашниот претседател Горан Чавдаровски повторно ја доби довербата на делегатите да раководи со општинската организација и во наредните четири години. На конференцијата беа избрани и девет члена на извршиот одбор, како и три члена на надзорниот одбор на општинската организација. На локалната конференција свое обраќање имаше и претседателот на НСДП, Тито Петковски.

„Наоѓајќи се во предворието на НАТО и ЕУ, сите релевантни политички фактори во земјава мора да го покажат своето единство, да ги надминат своите тесни интереси и политичката енергија да ја насочат кон финализирање на евро-интегративните процеси на Република Северна Македонија. Само на тој начин може да се постави брана на националистичките ветрови кои деновиве очигледно некои ретроградни центри, вкоренети во 19-от век, се обидуваат да ги побудат во земјава во пресрет на превремените парламентарни избори“, рече Петковски пред делегатите на оштинската изборна конференција.

Помеѓу другот, претседателот Петковски истакна дека не смее да дозволиме политичкиот простор повторно да се исполни со теми кои засегаат во меѓуетничките односи, кои отвораат прашања за оценки и преоценки на национални идентитети, дефнирања на јазици, оценувања на нечиј колективни традиции или обичаи.

„Оптеретувањето на јавноста со Законот за употреба на јазиците и нацонал-шовинистичкиот став на Бугарската академија на науките во однос на македонскиот јазик, во пресрет на изборите не смеат да создадат политички тензии и драматизирања со теми кои може да го изместат фокусот државата од демократските цивилизациски вредности на современиот свет кон национал-романтичарски илузии и привиденија. Политичката борба да се води со идеи, на пример, како да се реформира правниот систем во државата, како да се зајакнат економските капацитети на општеството во пресрет на нашето интегрирање во европскиот пазар, прашањето на системско третирање на образованието и културата, се сосема легитимни прашања на кои политичките партии треба да понудат одговор. Мултиетничноста на нашето општество не може да си дозволи уште едни парламентарни избори да падна во сенка на тензии предизвикани од центри на кои национализмот им служи како параван за криминал и корупција“, порача Петковски.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ