Речиси и по 30 годни од прогласувањето на независноста на државата и по голем број на изборни циклуси се уште не сме во состојба да организираме избори без вклучување и асистирање на странски фактори. И пред овие избори се испоставуваат политички прашања кои со себе носат ризик за копромитирање на фер и демократската атмосфера за нивното реализирање. На прагот од ЕУ и полноправно членство во НАТО, Законот за јавно обвинителство успева политичкото внимание да го истисне од суштинските прашања за идинината на земјата кон теми кои имаат значење само за тесни политички групи, чиј интерес е единствено да се спасат од системската одговорност за нивното мината политичко поведение, порача претседателот на НСДП, Тито Петковски на вчерашната изборна конференција на општинската организација на НСДП од Прилеп.
„Помеѓу другото, оваа состојба се должи и на дискредитирањето на институциите на системот, на поткопувањето на нивниот кредибилитет со тоа што важните политички прашања се решваат надвор од нив. Ако ја погледнеме позицијата на Собранието ќе видиме дека водечките политички партии ја маргиналзираа неговата улога, пратениците ги сведуваат на иснтрументи за спроведување на политички договори направени надвор од институциите на системот. Демократското политичко созревање на нацијата и правењето на исчекор кон западно европските демократии бара напуштање на оваа пракса вкоренета во тесно партиски интереси“, рече Петковски.
Претседателот Петковски пред членовите и симпатизерите на партијата од Прилеп, истакна дека обидите за носење на новиот Закон за јавно обвинителство зборуваат за отсуство на партиско лидерство и недостиг на чувство за јавен интерес.
„Во собраниската расправа најгласни повици за реформа на правниот и судскиот систем доаѓа од осомничени или обвинети гласноговорници на ВМРО-ДПМНЕ, чија основна грижа е како да ги спречат отворените судски постапки и да ја избегнат одогворноста за своите постапки од времето кога во земјава имавме режим, раководен од исклучително авторитарна личност која во потрга по својот личен комодитет избега од државата“, истакна Петковски.
Тој оцени дека овие парламентарни избори треба да бидат последните избори кои ќе се спроведуваат согласно Пржинскиот договор.
„Целосното раскинување со рецидивите на претходниот криминоген и авторитарен режим наметнува потреба ова да бидат последните избори кои ќе се спроведуваат согласно Пржинскиот договор, односно да се напушти форматот на техничка влада. Основната причина за нејзиното воведување во политичкиот систем беше институциите да се отргнат од канџите на Груевски и државата да се воведе во еден нормален изборен процес. За нашата демокраска зрелост неопходно е тоа време да го оставиме зад нас, да ја исчистиме институционалната меморија од тие мрачни политички времиња“, порача Петковски.
За претседател на општинскиот огранок делегатите на вчерашната конференцијата ја избраа Јулијана Цековска, воедно избирајќи и нови членови на Извршниот одбор.