Петковски: Одземањето на имотот на борците од НОБ e негирање на македонската антифашистичка борба од актуелниот режим во Македонија

Од:

Пратеничката група на НСДП и ЛП, поддржана од останатите опозициони пратенички групи, до Собранието ќе поднесе Информација за односот на државата кон Народноослободителната и антифашистичка војна 1941-1945 на Македонија, нејзините борци и нивната организација – Сојузот на борците на Македонија.

„Одземањето на имотот на борците од НОБ и нивното исфрлање на улица беше само завршен удар врз нив, нанесен од страна на идеолошки поразените во Втората светска војна. Едновремено тоа значи и негирање на македонската антифашистичка борба од страна на актуелниот режим во Република Македонија.

– Со овој чин, не се понижени само оние што ја донесоа слободата и ги удрија темелите на современата македонска држава, туку и сите граѓани на Македонија, кои ги користат придобивките од нивната борба.

– Во прилог на оваа теза говори самиот факт што, оваа власт во Република Македонија, во континуитет има негативен став и непријателски однос кон борците од НОБ. Никогаш и ништо не превзема кога се уриваат, кршат или сквернават спомениците на народните херои и настани од НОБ.

– Самата валст ги преименува улиците и институциите на нивните соборци, заменувајќи ги, пред се, со личности од античкиот период. Власта изгради и Музеј на жртвите на комунизмот, но не и падна на памет, такво нешто да направи за жртвите на фашизмот.

– Зарем треба уште аргументи, па да се свати дека станува збор за жестока освета на идеологијата, поразена во Втората светска војна. Насилничкото исфрлање на борците од просториите, што сами ги изградиле и со децении ги користат, најсилно ја потврдува тезата за идеолошката пресметка.

– Аргумент плус во овој контекст е и односот кон борците на најодговорните во државата и државните институции. Со години бараат помош и од претседателот на државата и од премиерот на Владата на Република Македонија, поради кршењето и повредата на законите од страна на надлежните државни институции, но од никаде не добиваат барем збор на утеха.

– Очекуваме претседателот на Собранието на Република Македонија, согласно Деловникот, Информацијата да ја стави на дневен ред на Собранието. По расправата, Собранието на РМ да до-несе соодветни заклучоци во врска со придонесот на борците од НОБ 1941-1945 година во изградбата на македонската држава и македонското општество и односот на државата кон нив и кон нивната организација.

– Собранието на Република Македонија има обврска тоа да го направи, бидејќи тоа е обврска кон историјата, која без сомнение ќе не препознае сите нас и ќе не смести, таму каде што и вистински припаѓаме.

– Шпекулацијата дека во просторот на Сојузот на борците ќе се всели ВМРО-ДПМНЕ, ќе предизвика непредвидливи последици“, изјави Тито Петковски.

Би можело да ве интересира

Во Сирија до сега загинале 93 косовски државјани, таму се наоѓаат уште 65 лица

Сојуз на борци: Безбедносниот систем на државата е во целосен распад

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Борците бараат Коце Трајановски да го врати споменикот на паднатите скопјани

Емир Латифовиќ

ВИДЕО: Борците дискриминирани, власта се плаши од вистината

Ана Ололовска

За Сојузот на борци нема место во одбележувањето на 11 октомври

Емир Латифовиќ

ФОТО: Поддршка од борците за Жерновски

Ана Ололовска