Петковски: На локалните избори ќе дадеме предност на квалитетните идеи

Од:

Во рамки на подготовките за претстојните локални избори претседателот на НСДП, Тито Петковски вчера во Битола имаше работна средба со претседателите на општинските организации на партијата од петтата изборна единица.

Како што информираат од НСДП, на средбата раководствата на општинските организации ги изложиле своите ставови и согледувања околу градењето на политички став за самостоен или коалициски настап на локалните избори.

Од страна на претседателот Петковски било нагласено дека НСДП на овие локални избори треба да пристапи како политичка партија која е отворена и за поединци кои не се нејзини членови.

„Да испратиме порака до нашите сограѓани дека даваме шанса и предност на квалитетните идеи, проекти и програми, а не на партиската профилираност. Унапредувањето на квалитетот на животот во општините може да добие импулс и надвор од политичките партии, затоа да ја искористиме можноста која ни ја дава и статутот на партијата, да ги мотивираме и мобилизираме луѓето кои не гравитираат кон политичките партии да се вклучат во изборниот процес и своите лични капацитети да ги стават во функција на развој на локалните заедници“, порача пред општинските раководства претседателот Петковски.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ