Петковски: Груевски наместо да ја обедини нацијата тој продолжува да продава лажен патриотизам

Од:

Прес конференција на оваа тема немаше да има доколку тужител не беше Никола Груевски. За одговорното и државничко однесување на Никола Груевски оставам да судите Вие и граѓаните на РМ. Намерата ми е да видат граѓаните на РМ со што се занимава Никола Груевски во услови кога земјата тоне во се поголема неизвесност на сите полиња, рече Тито Петковски.

Наместо да ја обедини нацијата и државата, рече Петковски,  консензус по клучните прашања од национален и државен интерес, тој продолжува да продава лажен патриотизам, кој со помош на медиумската пропаганда, успева да го прикаже како херојство.

-Последниот негов бисер на овој план е неговата тужба против мене за наводна клевета и побарувањето надомест на штета во износ од 15.000 евра, реагира Петковски.

При крајот на минатата година, партијата на чие чело се наоѓа Никола Груевски сними спот во кој на крајно подол и примитивен начин дискредитира и оцрнува неколку граѓани на РМ меѓу кој и мене. Се разбира во врска со спорот со Грција за нашето уставно име, Верувам дека сите се сеќавате бидејќи од тогаш не помина многу време.

На новинарско прашање од неделникот Фокус, како гледам на таа валкана кампања од страна на владеачката партија, реков дека би било добро Груевски јавно да го соопшти својот став и предлог по ова прашање па нека одлучат граѓаните на РМ. При тоа мислев на ставот на РМ што тогашниот министер за надворешни работи Антонио Милошевски во името на Владата на РМ му го достави на генералниот секретар на ОН како и признанието на Никола Груевски пред македонските медиуми од 25 фебруари 2011 година.

Цитирам:

“Пред Букурешт тука во Скопје ни беше понудена опција од Нимиц, односно конкретен предлог . А тоа беше името Република Македонија ( Скопје). И ни беше кажано тоа е последен предлог пред Самиот и дека треба да се изјасниме. Ние одлучивме да се изјасниме, да го прифатиме и да го ставиме на референдум…”

Со тоа Груевски прв пат призна дека Македонија прифатила промена на референцата ПЈРМ. Изјавата на Груевски следеше по информациите дека министерот за надворешни работи Антонио Милошоски му испрати писмо на генералниот секретар Бан Ки Мун во фебруари 2011 година.

Мојот предлог Груевски јавно да соопшти односно да го повтори својот став од 2008 година, Груевски го доживеа како штетно по неговиот углед и чест! Особено што… “тужителот секогаш изјавува дека нема да прифати ниту едно решение за проблемот на името без спроведување на референдум…”

Повредата на честа и угледот цитирам “кај тужителот предизвика јака душевна болка“, која може да се излекува само со 950 000 денари или со 15 000 евра. Се разбира за таквата душевна болка нема наод на вешто лице – психијатар.

А искрено, се до овој момент живеев во убедување дека парата не ја лечи душата и не го санира нарушениот углед.

Сакам да ве известам дека комуникација меѓу Груевски и мене преку Фокус не е прва на оваа тема. На прес конференција од први март 2011 година по јавното признание на Груевски дека пред Самитот во Букурешт во 2008 година прифатил промена на името, побарав од Груевски јавно да им се извини на граѓаните на РМ и посебно да им се извини на сите кои ги нарекуваше предавници и грчки шпиони, меѓу кои најчесто ме споменуваше мене. Но, очигледно тогаш во 2011 година не почувствува голема душевна болка или пак тогаш си имал доволно пари, а сега очигледно и тој западнал во финансиска криза.

Се разбира за тужбата на Никола Груевски ќе го известам посредникот во македонско-грчките преговори и амбасадорите на САД и ЕУ во Македонија.

Би можело да ве интересира

НСДП: 100 дена Влада на ВМРО-ДПМНЕ, 100 дена безидејност, изолација на државата и застранување од стратешките приоритети

Предраг Петровиќ

НСДП: Мицковски предлага состав на Влада со кадри на Груевски

НСДП во Собранието ќе делува опозициски

НСДП: Ги повикуваме граѓаните да гласаат за нашиот претседател Стево Пендаровски

НСДП на конгрес ја потврди поддршка за Пендаровски и учество во Европската коалицијата на СДСМ

НСДП: Независната кандидатка за претседателка на државата Силјановска-Давкова стана зависна од ВМРО-ДПМНЕ