Петковски: Груевски и Ахмети конечно се огласија но не понудија никакви решенија

Од:

„По долга пауза, најодговорните за состојбите во државата Груевски и Ахмети конечно се огласија. За волја на вистина не кажаа ништо ново. Само признаа дека се најодговорни, но, не понудија никакви решенија за консолидација на меѓуетничките односи, од едноствна причина што токму тие се промотори на идеите и активностите што предизвикуваат меѓуетнички конфликти. За време на нивното отсуство од јавноста Македонците и Албанците ги конфронтираа поглаварите на МПЦ и ИВЗ“, рече Тито Петковски.

Тој се согласува со нив дека стабилните меѓуетнички и меѓурелигиски односи се столбот на македонската држава и македонското општество.

„Исплашени од можноста за губење на власт, го развија и високо го кренаа знамето на национализмот, провоцирајќи директно меѓуетнички тензии, од една страна, додека од друга страна како Влада спроведуваат кампања за меѓуетничка толеранција, Типично за пиромани-оние кои го запалија огнот, први повикуваат на гаснење на пожарот. Али Ахмети јавно не се оградува од Големо албански амбиции на крупните играчи во регионот, додека Груевски не се оградува од се погласните барања на неговите советници за составување влада со сите останати но, без Албанците“, додаде Петковски, кој во продолжение вели:

Груевски и Ахмети како докажани популисти и националисти дефинитивно не се во состојба да повлечат нужни но, во основа непопуларални потези, јавно демонстрираат недостаток на капацитет за компромис што најсилно го потврдија во изминативе два месеца.

Нивниот модел на владеење, природно продуцира непријатели наместо сојузници. Влегоа во конфликт со нашите стратешки пријатели и соседи, а сега се во конфликт со самите себе.

До колку Али Ахмети и Никола Груевски се искрено закрижени за меѓуетничките односи во Македонија и вкупните состојби во македонското општество, ги повикуваме да закажат средба со лидерите на сите парламентарни партии, за потпишување изјава, со која практично ќе покажеме дека евроатланските интеграции се заеднички приоритет на сите политички партии и дека секој ден надвор од ЕУ и НАТО е директно загрозување на нашата заедничка иднина и иднината на државата.

Јасно и гласно да признаеме дека сегашната ситуација е неодржлива и да демонстрираме суштински капацитет за соочување со проблемите и подготвеност да решаваме.Со изјавата да се обврзаме дека во моментот ги оставаме на страна сите разлики меѓу нас, нетрпеливости, лични и партиски амбиции и да се обврзаме дека на патот кон евроатланските интеграции заеднички ќе ги совладуваме сите пречки поврзани со името.

Само на овој начин можеме да одговориме на предизвикот од Брисел и лично на Комесарот за проширување г-дин Филе дека ,, за Македонија е потребен брз почеток на преговорите како би можела да влезе во силни суштински реформи…”

Би можело да ве интересира

Албанските опозициски партии ќе потпишат Декларацијата за обединување

А1он

Џафери за разрешувањето на Меџити и Алиу: Законски не може да има два опозициски субјекта во Владата

Орце Костов

Ковачевски: Мицкоски станува сабајле и вика јас сега ќе блокирам, тоа е стратегија на опозицијата

А1он

Пратениците од српската опозиција: Бараме предвремени избори

Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за гласањето за уставните измени

Горан Наумовски

Ковачевски: Уставните измени ќе се носат преку јавни дискусии со вклучување на сите засегнати страни

Горан Наумовски