Петкова: Се уште нема разрешница за скандалот со 10-месечното бебе во Гевгелија

Од:

„Скандалот со 10 месечното бебе во градинката во Гевгелија, кое се здоби со тешки повреди и гребаници, за време на дневниот престој во градинката, не добива соодветна разрешница. Но затоа власта е силна на зборови, па упатува обиди за замолчување на јавноста, со опомена пред тужба“, рече Ангелина Петкова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

„Политичката одговорност со СДСМ на власт, стана мисловна именка, а нивните претставници немаат никакво чувство за морална одговорност.

Имено, директорката во чиј мандат се случуваат неколку скандалозни инциденти, не чувствува вина за настаните. Напротив, обвинува за навреда и клевета и се заканува со тужби.

Па затоа, јавно ја прашуваме директорката Елизабета Стефановска:

Прво, што презеде за да се надминат последиците од скандалот со 10 месечното бебе, и второ, дали се вистинити тврдењата дека, пред одреден период, истите одговорни негувателки, кога таа е директорка, заборавиле заклучено дете во тоалетот.

Воедно, сведоци сме дека извештајот кој го изнесе Министерството за труд и социјална политика на чело со Тренчевска е пристрасен и заштитнички кон сторителите на ова дело.

Изговорот дека станувало збор за “детска игра” меѓу 10 месечно бебе со негови врсници е крајно навредувачки, пред се кон родителите на детето, но и пред јавноста.

Наместо преземање на потребните чекори, институциите на чело со министерката Јована Тренчевска и директорката Елизабета Стефановска, се занимаваат со обид да го прикријат целиот случај, кој предизвика огромен револт кај семејството на детето, но исто така предизвика револт и кај нашите сограѓани.

Министерке Тренчевска, повторно јавно ве повикуваме да ја разрешите директорката Стефановска и да побарате одговорност од сите вклучени во овој случај.

Нерасчистувањето на претходните настани во изминатиот период во оваа институција, направија повторно да се случуваат нови немили настани“, изјави Ангелина Петкова, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Николова: Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје

ВИДЕО: Време е за 90 пратеници и една изборна единца порача Мицкоски во промоцијата на изборната програма

Катерина Ѓуровски

Членство во ЕУ и продолжување на стратешкото партенство со САД – изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презентира програмата за парламентарните избори 2024

ВМРО-ДПМНЕ поднесе пријава до ДКСК против Академијата за судии и јавни обвинители за прекршување на Изборниот законик

Каевски: ДПМНЕ излажа за потписите за Силјановска