Петков предлага средба со новиот премиер на Македонија во јануари и формирање пет работни групи

Од:

Премиерот на Бугарија, Кирил Петков во разговор за „БТВ“ на прашањето за спорот со С.Македонија изјави дека првото нешто што треба да се направи е да се смени реториката.

– Треба да почнеме да зборуваме за сите придобивки од добрососедството, колку повеќе бизнис можат да прават нашите компании, како брзо да се изгради железничката линија Софија-Скопје, зошто нема заеднички културен календар, изјави Петков и изрази верување дека ќе се избере нов премиер.

– Планирам да одам во Македонија кога ќе го изберат и ќе ја договориме работата на овие групи. Сакам 5 групи – економија, инфраструктура, култура, евроинтеграции и историја. Сакам еднаш месечно да се состануваат, да не се состануваат во исто време, да има резултати од работата, нагласи Петков.

Секако дека има црвени линии, додава тој.

– Најважно е Македонците со бугарски корени да бидат заштитени од дискриминација и од говор на омраза. Ова мора да биде основна цел за секој европски граѓанин. Не можеме да ги прикриваме фактите. Полесно е, кога ќе видиме колку можеме да добиеме и од двете страни, да размислуваме за можности за работи кои се прифатливи за двете страни. Нема да отстапиме од сериозните позиции, заедно ќе можеме многу да добиеме, додаде Петков.

Би можело да ве интересира

Петков: Не може Македонија да има подобри информации за руски шпиони во Бугарија од нашите служби

А1он

СДСМ контра Кирил Петков, ќе предложи Резолуција за Илинден во македонското Собрание

Катерина Ѓуровски

Гир: Не треба да се очекуваат нови договори, македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка

Ана Ололовска

(ВИДЕО) „300.000 Македонци не се во вашиот Устав, во 21 век не признавате народ“: Лекција од историчарот Светозаревиќ за бугарски новинари во Пустец

Орце Костов

Жељазков: За Бугарија е важен условот „поставен од Европската комисија“ за уставни измени

Ана Ололовска

Милков: Софија и Скопје нема заеднички да го одбележат 4 мај

Ана Ололовска