Петков: Очекувам во следниот период Македонија да направи некаков вид институција при тамошната Влада за правата на Бугарите

Од:

Бугарското вето ќе биде повлечено откако целата работата ќе биде завршена, изјави бугарскиот премиер, Кирил Петков, во интервју за бугарската „Нова.бг“.

„Очекувам во следниот период Северна Македонија да направи некаков вид институција при тамошната Влада, за правата на Бугарите“, рече Петков.

Тој смета дека долгорочно Северна Македонија треба да биде во ЕУ, но мора да се заштитат правата на Бугарите.

Бугарскиот долгорочен интерес, како што рече Петков, се совпаѓа со оној на Република Северна Македонија, односно никој не сака сосед кој е сиромашен, а не е во ЕУ и е со затворени граници.

„Треба да се ослободиме од политичката реторика и да работиме. Оваа влада нема да направи ништо без согласност од страна на бугарскиот парламент. Ништо скриено нема да се случи. Целосно ќе го заштитиме нашиот интерес“, изјави Петков.

Би можело да ве интересира

Излета автомобил со Кирил Петков, еден загинат

Предраг Петровиќ

Петков: Не може Македонија да има подобри информации за руски шпиони во Бугарија од нашите служби

А1он

СДСМ контра Кирил Петков, ќе предложи Резолуција за Илинден во македонското Собрание

Катерина Ѓуровски

Гир: Не треба да се очекуваат нови договори, македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка

Ана Ололовска

(ВИДЕО) „300.000 Македонци не се во вашиот Устав, во 21 век не признавате народ“: Лекција од историчарот Светозаревиќ за бугарски новинари во Пустец

A1on

Жељазков: За Бугарија е важен условот „поставен од Европската комисија“ за уставни измени

Ана Ололовска