Петков ќе го достави до бугарското собрание францускиот предлог за укинување на ветото

Од:

Бугарскиот премиер Кирил Петков до Народното собрание ќе го испрати францускиот предлог за укинување на ветото на Северна Македонија за почеток на преговорите за членство во Европската Унија објавува бугарската агенција БГНЕС. Според текстот Петков ова го потврдил пред наблиските соработници.

Како што пренесува БГНЕС, Петков наводно рекол дека „детално е запознаен со шемата како ќе се случи сето ова“.

„Во четврток, на 16 јуни официјално ќе биде испратен до сите земји-членки на ЕУ, а јас лично утре го испраќам до парламентот“. Ова биле токму зборовите со кои се пофалил и дека „Лично, Емануел Макрон и Олаф Шолц стојат цврсто зад мене. Ќе го прифатиме, а потоа ќе продолжиме понатаму“, пишува БГНЕС.

Вчера, на почетокот на состанокот на Министерскиот совет, Петков го прочита неговото барање, кое беше веднаш прифатено, „предлогот на француското претседателство веднаш да биде испратен до собраниската Комисија за надворешна политика“.

Со овој потег Петков, пишува БГНЕС, освен што ги изолира сите од ова важно прашање, вклучително и Министерството за надворешни работи, практично од бугарското општество крие се што поединечно договарал и продолжува да преговара со странските дипломати.

Вчера министерката за надворешни работи Теодора Генчовска во Националното собрание го обвини Петков дека му ветил на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеи дека ќе го укине ветото пред крајот на француското претседателство кое завршува на 1 јули.

Очигледно Кирил Петков има намера лично да ја донесе оваа одлука за време на самитот на ЕУ што ќе се одржи на 23 и 24 јуни во Париз, пишува БГНЕС.

Би можело да ве интересира

Петков: Не може Македонија да има подобри информации за руски шпиони во Бугарија од нашите служби

А1он

СДСМ контра Кирил Петков, ќе предложи Резолуција за Илинден во македонското Собрание

Катерина Ѓуровски

Гир: Не треба да се очекуваат нови договори, македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка

Ана Ололовска

(ВИДЕО) „300.000 Македонци не се во вашиот Устав, во 21 век не признавате народ“: Лекција од историчарот Светозаревиќ за бугарски новинари во Пустец

Орце Костов

Жељазков: За Бугарија е важен условот „поставен од Европската комисија“ за уставни измени

Ана Ололовска

Милков: Софија и Скопје нема заеднички да го одбележат 4 мај

Ана Ололовска