Петков: Историјата да не биде единствен критериум за членство на Македонија во ЕУ

Од:

Попретседателот на коалицијата „Промената продолжува“ Кирил Петков, што победи на парламентарните избори во Бугарија во неделата, коментирајќи ги бугарско-македонските односи, изјави дека не треба да се урне целиот процес на добрососедството со Северна Македонија и тие да бидат примени во ЕУ само врз база на еден критериум – историјата.

Петков повтори дека за решавање на прашањето потребно е да се направат правилни работни групи во кои, освен историчари, ќе влезат луѓе од бизнисот, културата, инфраструктурата.

Тој истакна дека може многу да се добие. – Ако не се излезе со тимовите кои ги знаат и предностите и проблематичните точки, нема како да се дојде до крајното решение, рече Петков, изразувајќи уверување дека нема да има проблем со коалициските партнери по прашањето со Северна Македонија.

Според него, најлоша варијанта би било темата Македонија да се користи за политички пароли и цели. – Ништо во овој живот не се прави со пароли, туку со работа, а за тоа е потребен тим, вели тој.

Во однос на тврдењата во медиумите дека Бугарија е изложена на огромен притисок од страна на САД по тоа прашање, Петков вели дека не постои човек на планетата кој ќе крене телефон и да каже направете го тоа, што ви го кажав.

– Единствениот начин некој да не натера нешто да направиме е да не убеди дека тоа е најправилно за Бугарија. На ниту еден друг начин тие не можат да влијаат, оценува Петков.

Би можело да ве интересира

Петков: Не може Македонија да има подобри информации за руски шпиони во Бугарија од нашите служби

А1он

СДСМ контра Кирил Петков, ќе предложи Резолуција за Илинден во македонското Собрание

Катерина Ѓуровски

Гир: Не треба да се очекуваат нови договори, македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка

Ана Ололовска

(ВИДЕО) „300.000 Македонци не се во вашиот Устав, во 21 век не признавате народ“: Лекција од историчарот Светозаревиќ за бугарски новинари во Пустец

Орце Костов

Жељазков: За Бугарија е важен условот „поставен од Европската комисија“ за уставни измени

Ана Ололовска

Милков: Софија и Скопје нема заеднички да го одбележат 4 мај

Ана Ололовска