Петкоска: Зборуваме за буџет што предвидува раст од 3,8%, односно планиран е раст со мерка додека претходната влада трошеше без мерка

Од:

Во секој буџет се крие пулсот на една држава преку кој се покажува каква држава сакаме, буџетот се носи за секој еден од нас, за секој да има подобро утре. Граѓаните очекуваат од нас зошто ни дадоа доверба, рече пратеничката Лидија Петкоска на денешната собраниска комисија на која се расправа за Предлог буџетот за 2026 година.

Петкоска буџетот го спореди со торба и рече дека ако внимателно е спакувана патот ќе биде можен и лесен.

„Ние на буџетот работиме мудро, внимателно со очи вперени кон иднината. Буџетот покажува колку ќе биде силна светлина и дали ќе стигне до секое коше и до секого. Ние ја адресираме реалноста или каде бевме, каде сме и каде одиме“, кажа Петкоска.

Пратеничката Петкоска се осврна на однесување на опозицијата кон народните пари.

„Слушајќи ги од опозицијата ќе се осврнам прво на задолжувањата. И сакам да расчистам. Новата обврзница е 950 милиони евра, а дури 700 за враќање на еврообврзница или раздолжување на задолжувања направени од претходната влада. Значи мора да ја гледаме реалноста и да бидеме рационални“, смета Петкоска.

Петкоска се осврна на начинот на кој се планираше буџетот за следната година, и како внимателно се правеше поради наследената ситуација.

„Денес зборуваме за буџет што предвидува раст од 3,8%, инфлација што паѓа кон 2,5% и дефицит намален на 3,5 %. Додека на оние што денес критикуваат инфлацијата им избега над 15-20 проценти. Ние пак ја стабилизираме економијата и ги поставуваме темелите за здрав раст“, изјави Петкоска.

Според Петкоска планиран е раст со мерка додека претходната влада трошела без мерка.

„Можеби буџетот не е совршен, ниту треба да биде, но државата конечно се враќа на рационални планирања“, заклучи Петкоска.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери