Пет сообраќајки за еден ден во Скопје, нема повредени

Од:

Пет сообраќајни незгоди се регистрирани во изминатото деноноќие на подрачјето на Скопје, во кои ниту еден учесник не е повреден. Сите незгоди се со последица материјална штета.

Во текот на изминатиот ден сообраќајната полиција санкционирала 70 пешаци кои сториле прекршоци по различни основи, 48 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, осум возеле под дејство на алкохол, пет поминале на црвено светло на семафор, а пет возачи не отстапиле предност на минување на пешаците на обележан пешачки премин.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 116 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје денеска ќе одржи едукативни работилници во Основното училиште „Ѓорѓија Пулевски“ кое се наоѓа на територијата на општина Аеродром со учениците од второ и четврто одделение.

За денеска не се најавени вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава