Пет сообраќајки за 24 часа во Скопје, пајакот отстранил 55 возила

Од:

Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно пет сообраќајна незгода.

Од нив, четири се со последица материјална штета и една е со последица тешки телесни повреди во која со тешки телесни повреди се здобил еден пешак.

Во текот на изминатиот ден од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 17 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив девет возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место. Двајца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и истите се исклучени од сообраќај, пет возачи поминале на црвено светло на семафорот, како и 20 возачи кои со возилото непрописно се паркирале пред крстосница, не го користеле сигурносниот појас или, пак, го користеле мобилниот телефон за време на управувањето на возилото.

Со помош на специјалното возило „пајак“ во текот на вчерашниот ден од страна на сообраќајната полиција отстранети се 55 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во основните училишта „Живко Брајковски“ и „Иднина“ кои се наоѓаат на територијата на општина Бутел и општина Чаир.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава