Пет сообраќајки изминатите 24 часа во Скопје

Од:

Пет сообраќајни незгоди се случиле изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје од кои една со полесно повредени две лица и четири со материјална штета.

Како што соопшти СВР Скопје, сообраќајната полиција санкционирала поголем број прекршоци. Двајца возачи поминале на црвено, седум возеле без возачка дозвола, осум не ги почитувале поставените сообраќајни знаци, а 38 возила биле непрописно паркирани.

Со пајак-служба биле отстранети 46 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ