Пет приговори на обвинението поднеле адвокатите на осомничените во „Талир“

Од:

До кривичниот суд до вчера стигнале пет приговори од адвокатите на обвинетите во предметот „Талир“ на специјалното јавно обвинителство, потврдија од скопска единица за „Макфакс“. Од судот велат дека сè уште тече рокот во кој бранителите на осомничените може да приговараат на поднесеното обвинение кое треба да го оценат тројца судии на скопска единица. Осомничените имаат право да поднесат писмен приговор против обвинителниот акт во рок од осум дена од приемот на обвинението.

СЈО поднесе две обвиненија за случајот „Талир“ за нелегално финансирање на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Едното обвинение е за нелегално финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, а другото за незаконската изградба на седиштето на партијата.

Во првото обвинение се опфатени поранешниот лидер на партијата, Никола Груевски, ексгенералниот секретар на партијата, Кирил Божиновски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, пратеникот Илија Димовски, Леко Ристоски и Елизабета Чингаровска. Тие се обвинети дека незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра во кеш за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро сметката на партијата преку уплатници на име на различни луѓе.

За изградбата на новото партиско седиште, пак, се обвинети Никола Груевски и Кирил Божиновски. Тие склучиле договор за изградба на објектот со градежната компанија „Бетон“ од Штип, иако не смееле тоа да го направат затоа што оваа фирма имала склучено договори за јавни набавки со други државни институции. Со договорот со „Бетон“ тие договориле „несразмерна корист“ за ВМРО-ДПМНЕ и на тој начин се стекнале со имотна корист од над 8 милиони евра за партијата.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

ОЈО го измени обвинението во „Талир“, застаре едно од делата на Миле Јанакиески

Горан Наумовски

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов