Пет нови локации за такси станици во Кисела Вода

Од:

Град Скопје ќе почне акција за обележување со хоризонтална и вертикална сигнализација на локациите за такси станици на територијата на општина Кисела Вода. Ќе се обележат пет локации за такси стојалишта во населбите Црниче, Пржино, Расадник и Кисела Вода. Такси стојалиштата ќе имаат капацитет за вкупно 24 такси возила.

Како што информира општина Кисела Вода, такси стојалиште со капацитет за 7 такси возила ќе се обележи на локација до црквата „Св. Петка“. Четири места за такси возилата ќе се обележат на последната автобуска станица на бр.„16“ во Пржино, додека пет места за такси возила ќе се обележат пред бензинската пумпа на „Макпетрол“, веднаш до градинката „8-ми Март“ во Расадник.

Две такси стојалишта со по четири места за такси возила ќе се обележат на улица „Христо Татарчев“ („Сава Ковачевиќ“) бр. 34, односно на ул. „Христо Татарчев“ („Сава Ковачевиќ“) бр. 11.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан