Пет награди за македонски готвачи на Меѓународно првенство во Будва

Од:

Македонски готвачи – шефови на кујни освоија пет награди на 10. Меѓународен гастрономски фестивал што се одржа во Будва во организација на Здружението на шефови на кујни на Црна Гора.

Македонскиот национален тим освои два златни и два бронзени медали и една диплома за четврто место. 

Македонскиот тим настапи со тројца натпреварувачи во сениорска конкуренција, а во поединечна конкуренција натпреварувачите подготвуваа топло предјадење  од риба и морски плодови, главно јадење од пилешко или избор по сопствена желба и десерт.

Македонските готвачи се натпреваруваа во конкуренција на готвачи и шефови на кујни од 11 земји учеснички на годинашниот натпревар и тоа од Хрватска, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Србија, Словенија, Словачка,  Украина, Турција, Русија и Албанија.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза