Пет милиони денари за Работнички од Општина Центар

Од:

Советниците на Општина Центар едногласно ја изгласаа одлуката да доделат 5.000.000,00 денари како спонзорство на кошаркарскиот клуб “Работнички“. Општина Центар е основач на кошаркарскиот клуб и со овој потег сака да помогне во надминување на наталожените финансиски проблеми на нашиот најтрофеен кошаркарски клуб.

К.К. Работнички е гордост на општината со успесите и трофеите кои ги ниже веќе 65 години.

Она што треба под итно да се разреши  се и проблемите со Управниот Одбор избран од претходниот градоначалник Владимир Тодоровиќ. Иако веќе и кошаркарите најавија дека по судски пат ќе ги бараат парите кои им ги должи управата, сеуште актуелното раководство не сака да свика вонредна седница. Кошаркарите прашуваат кој си игра и кој сака да го уништи К.К. Работнички.

Едно од главните ветувања на градоначалникот Андреј Жерновски во предизборниот период беше дека ќе го врати стариот сјај на К.К. Работнички.

Би можело да ве интересира

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Ампева: Шеесет и деветте текстилни работнички од Кавадарци се олицетворение на овој 8 Mарт

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“