Пет лица повредени во пет сообраќајки во Скопје

Од:

Пет лица се повредени во пет сообраќајки од вкупно десет што се случиле во текот на вчерашниот ден во Скопје. Во пет сообраќајки е причинета материјална штета.

Сообраќајната полиција вчера санкционирала 14 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи се исклучени од сообраќај поради управување на возилото под дејство на алкохол, двајца возачи поминале на црвено светло на семафор, како и 14 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани се и осум пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин, односно поминале на црвено светло на семафор, а затекнати се и 58 непрописно паркирани возила.

Со специјалното возило „пајак“ отстранети се 61 возило.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ