Седум сообраќајки за 24 часа во Скопје

Од:

Пет лица се здобиле со полесни повреди во четири од седумте регистрирани сообраќајки во тек на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје. Три сообраќајки се со последици материјална штета, информира самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР – Скопје.

Сообраќајната полиција по спроведените контроли открила и санкционирала поголем број прекршоци. Триесет и тројца возачи не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, пет возачи поминале на црвено светло на семафор, пет управувале возило под дејство на алкохол и  се исклучени од сообраќај, а 16 возачи кои го управувале возилото по истекот на важноста на сообраќајната дозвола или без возачка дозвола.

Санкционирани се и 20 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор.Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 78 возила.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај вечер во 19 часот ќе одржи сообраќајна поука во Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот кои сториле прекршоци по разни основи во својство на пешаци.

Во делот на превентивни активности денеска ќе се одржат едукативни работилници со учениците од второ одделение во ОУ „Панајот Гиновски“, општина Бутел.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он