Пет лица под истрага за насилството во Шуто Оризари

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против пет лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

-Осомничените на 28 јануари 2019 година во близина на поликлиниката во Шуто Оризари, во група заедно со други лица, извршиле грубо насилство врз тројца оштетени. Бидејќи осомничените се сомневале дека оштетените лица наводно грабнале дете од Шуто Оризари, тие ги пресретнале и насилно ги извлекле од патничкото моторно возило „хјундаи галопер“ без регистарски таблички. Иако тројцата оштетени им кажале дека не знаат за што се работи, а еден се легитимирал со службена легитимација и им кажал дека е вработен во МВР, петтемина осомничени физички ги нападнале, удирајќи ги со тупаници и клоци, соопшти ЈОРМ.

Притоа еден од оштетените се здобил со тешки телесни повреди и е во животна опасност, додека останатите двајца се стекнале со телесни повреди. Со ваквите дејства, осомничените кај останатите присутни предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв.

-Ценејќи дека се исполнети сите законски основи, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 Скопје достави и предлог за определување мерка притвор за петтемина осомничени., наведува Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

Индиции за убиство и самоубиство во случајот во Богданци

Катерина Ѓуровски

Две тела и опожарено возило кај Богданци

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

Полицајка и раководител во Прифатниот центар за странци под истрага за тешка кражба и полово вознемирување

Катерина Ѓуровски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа