Пет лица побарале медицинска помош по громот на охридската плажа

Од:

Вкупно петмина побарале лекарска помош во Општата болница во Охрид по громот на плажата „Оревче“. Директорот на болницата, Горан Балески за „А1он“ вели дека нема хоспитализирано ниту едно од лицата. Им биле направени сите проверки од дежурните тимови, по што било констатирано дека нема потреба од болнички третман, бидејќи станува збор за лесни повреди.

„Дел имаат лесни изгореници, дел се жалеле на промена на слухот. Направено им било ЕКГ и резултатите биле нормални“, вели Балески за „А1он“.

Повредените кои побарале медицинска помош биле на плажата „Оревче“ во чија непосредна близина удрил и громот, попладнево околу 16 часот. Две од повредените лица се од Ресен и Битола.

Денеска на плажата беше откажан и настапот на двајца диџеи, поради лошото време. Најголем дел од плажите целосно се испразнија, како и масите од угостителските објекти кои се поставени на отворено. Вакво време имаше и вчера, се очекува и наредните денови, со поинтензивни врнежи на дожд и појава на град.

Центарот за управување со кризи излезе со препораки и апел за наредните денови, за кога е најавено променливо облачно, врнежливо и посвежо време, претежно попладне наместа со пороен дожд и грмежи.

„Покрај потребата за превенција заради најавеното невреме со поројни дождови и ветар, до субјектите од системот за управување со кризи, ЦУК апелира и за лично граѓанско превентивно однесување за време и после невреме во одредени локални региони. Покрај препораката за градоначалниците и субјектите во Системот за управување со кризи за преземање превентивни мерки, неодминливо е да се апелира и до сите граѓани да не движат покрај речни корита и суводолици (за време и по локално невреме), заради можни брзи и ненадејни порои, да престојуваат и да се засолнуваат во простори што се на пониско ниво и може да бидат поплавени и секако, во случај на појава на грмежи и електрични празнења се препорачува поголема внимателност – да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја“, информираа од ЦУК.

Би можело да ве интересира

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Температури над 40 степени, а потоа следува заладување

Околу 100 дрвја уништени во невремето во Куманово, ќе следи обнова со нови садници