Пет колапси до 13 часот, температурните промени се одразуваат врз здравјето

Од:

Драстичните температурни промени кои се бележат овој месец се одразуваат врз здравјето на секој поединец. Токму овие денови посебно денеска кога е значително потопло до 13 часот се регистрирани пет колапси на отворено.

Ова денеска го изјави директорката на Здравствен дом Скопје, Татјана Баевска – Вучковиќ, која рече дека некои од граѓаните од Скопје потешко се аклиматизираат на овие временски промени. Според неа, можеби причина е некое основно заболување, меѓутоа главно се работи за лица несоодветно облечени, кои недоволно внесувале течности и поради високата температура дехидрацијата довела до колапс.

– Како и секогаш и постојано апелираме сите препораки кои ги даваме при нагли временски промени на затоплување или заладување да се почитуваат препораките бидејќи пред се самозаштитата е на прво место во вакви ситуации. Службата 194 одговара секаде каде е најпотребно, додаде Баевска – Вучковиќ.

Јованка Костовска, раководител на Секторот за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство истакна дека разговарале со претставници на Управата за хидрометеоролошки работи и добиле најава дека можно е во петок во некои региони да биде жолта фаза затоа што се очекуваат температури до 35 степени.

– Не сме адаптирани на овие температури бидејќи имавме многу варијации. Препораките треба да важат од денеска и сите да внимаваат и соодветно да се облекуваат, соодветно да се хранат, а постарите редовно да си ја земаат терапијата, додаде Костовска.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза