Пет илјади македонски граѓани побарале помош да се вратат во државава, 2100 ги прифатиле условите

Од:

Пет илјади македонски граѓани кои се наоѓаат надвор од државата побарале помош од Министерството за надворешни работи да се вратат дома до крајниот рок за пријавување 18 часот на 22 март 2020 година. Досега се обработени 4000 од пријавите, а 2100 граѓани се согласиле со поставените услови и ќе се вратат организирано.

Ова го соопшти министерот за надворешни работи Никола Димитров во гостување во емисијата Топ тема на телевизија Телма.

– Заклучно со 18 часот на 22 март кога заврши вториот повик беше таа бројка  околу 5000 граѓани кои побараа помош да се вратат. Првиот повик заврши со 2333 граѓани. Имаме 5000 македонски граѓани кои бараат помош да се вратат дома. Нашите луѓе, дежурниот тим се јавува на секој поединечно да каже дека заради кризата ќе треба да имаат извесен надомест за трошоците за чартер летот и дека ќe треба да прифатат да поминат во карантин 14 дена кој го покрива државата. Досега имаме околу 4000 обработени од 5000 пријавени и утре ќе заврши овој процес. Од тие, 2100 се согласуваат со условите. Ние нема да имаме ресурси да организираме чартери бидејќи имаме по еден граѓанин што се пријавил во Тајланд, во Нов Зеланд. Пред се ќе одиме во земјите каде има голема концентрација и најмногу барања, како што се европски земји, изјави Димитров и додаде дека согласно уредба од Владата донесена денеска задача на МНР е јавувањето и правењето списоци, а Генералниот секретаријат ќе упати повик до авиокомпании да се организираат чартер летовите да се вратат овие граѓани дома.

Тој рече дека целта е пред се да се помогне на тие што се затечени и не можат да се вратат, оние кои немаат друга дома.

Димитров соопшти дека во Германија има најмногу македонски државјани, од каде ќе има организирано повеќе чартер летови, а меѓу побројните е и Малта.

Чартер летовите ќе бидат органзизирани да слетаат на скопскиот аеродром.

Во овие активности, како што рече министерот соработуваат со други држави кои имаат слични маки.

-Полска имаше чартер од кај нас, па имавме повик и од 33-ца државјани, многу малку прифатија карантин. Утрово имавме копнен конвој со 63 наши државјани кои дојдоа од Црна Гора, а на одење ние однесовме 15 црногорски државјани. Таква соработка ќе имаме и со Германија и со други земји, рече Димитров и оцени дека за десетина  дена Европа и светот во смисла на ред и правила се вратиле назад веројатно седум-осум децении.

Би можело да ве интересира

Никола Димитров нападнат додека пазарел, вели „болно ни е општеството“

А1он

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on