Пет години од хеликоптерската несреќа кај Блаце

Од:

Во касарната во Петровец денеска ќе се одбележат пет години од хеликоптерската несреќа кај Катлановско Блаце во која на 12 јануари 2008 година загинаа 11 припадници на АРМ кои се враќаа од мисијата „АЛТЕА“ во Босна и Херцеговина.

На одбележување ќе присуствува заменик-министерот за одбрана Емил Димитриев кој воедно ќе положи и цвеќе на спомен обележјето на загинатите припадници на АРМ, поставен пред Командата во касарната.

Хеликоптерот Ми-17 се урна на 12 јануари 2008 година во услови на магла на локација кај катлановско Блаце. Во несреќата загинаа потполковникот Тони Спасовски, мајорот Горан Ристовски, капетаните Бране Спасовски и Игор Ѓорески, заставниците Славчо Василев и Тони Давитковски, постарите водници Јанко Шириќ, Мики Ивановски, Александар Тасковски и Александар Васиќ и десетарот Златко Вељановски.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он