Пет години од бродската несреќа во Охридското Езеро

Од:

Пет години од бродската несреќа во која животот го загубија 15 бугарски туристи се одбележуваат во петок (05.09).

По тој повод делегација од Општина Охрид ќе положи свежо цвеќе пред спомен плочата за загинатите на градскиот кеј.

Бродот „Илинден“ потона на 5- ти септември 2009 година во 10.35 часот, на околу 200 метри од брегот во близина на плажата Елешец. Во несреќата загинаа 15 бугарски туристи, а останатите 38 туристи, исто така, од Бугарија беа спасени.

Две години по несреќата, капетанот на бродот „Илинден“, Сотир Филески и овластениот претставник на Германскиот регистар на бродови „Лојд“ што го издал сертификатот за пловидба на бродот, Бранко Бајиќ, беа осудени на по една година затвор за кривично дело „предизвикување тешки дела против луѓето и имотот во сообраќајот“.

Софискиот суд до средината на 2015 година ќе треба да одлучи дали „Лојд“, ќе плати отштета на семејствата на загинатите, објави OhridNews.

Адвокатот Мартин Петров од Скопје, кој е застапник на семејствата на загинатите во телефонска изјава за OhridNews рекол дека отштетното побарување за сите 15 семејства изнесува околу три милиони евра. Тој појаснил дека отштетното побарување е насочено кон „Лојд“ бидејќи овој бродски регистар, во времето кога се случи бродската несреќа, бил овластен да ги врши техничките прегледи на бродовите кои пловат во македонските води.

Тој нагласил дека во судската постапка за обесштетување на семејствата на загинатите не е опфатена Република Македонија и не се бара никакво обесштетување од македонските власти.

Инаку осигурителната компанија, каде што загинатите бугарски туристи имале патничко осигурување, до сега исплатила 4.500 евра по семејство или околу 70.000 евра за сите 15 семејства на загинатите, наведува OhridNews.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски