Пешевски и Мизо во посета на „ОДВ Електрик“ во Охрид

Од:

Владин тим предводен од вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо денеска беа во посета на „ОДВ Електрик“, германската компанија што веќе има своја браунфилд инвестиција во Охрид и првата компанија што гради сопствен производствен капацитет во Технолошко индустриската зона „Охрид – Струга“.

– Активностите за привлекување инвестиции и создавање поволна бизнис-клима продолжуваат. Слободните економски зони ги отвараме и за македонските компании, за оние кои имаат висок сгтепен на додадена вредност и се извозно ориентирани и верувам дека покрај „ОДВ Електрик“ во зоната Охрид – Струга ќе дојдат и други компании, изјави вицепремиерот Пешевски.

Виктор Мизо истакна дека „ОДВ Електрик“ од првиот квартал идната година ќе започне со производство и во капацитет на компанијата во индустриската зона кај Струга.

– Она што денеска го добивме како информација е дека нивните планови ќе ги надминат првично планираните илјада на 1200 вработени. Ние како институција ќе продолжиме да помагаме во целиот процес и сите активности се во крајна фаза за завршување на инфраструктурните зафати за новата технолошко-индустриска зона, со идентични услови како во веќе постоечките во Скопје, Штип, Прилеп и Кичево, рече Мизо.

Mоментално во браунфилд капацитетот на „ОДВ Електрик“ во Охрид функционираат пет производствени линии со вработени над 220 лица, со план компанијата нивниот број да достигне околу 600, а инвестицијата да достигне вредност од 3,6 милиони евра.

Во меѓувреме во завршна фаза е и изградбата на дополнителен сопствен производствен капацитет на „ОДВ Електрик“ во ТИРЗ „Охрид – Струга“.

– Втората фаза од нашата инвестиција тука предвидува удвојување на нашите капацитети, со сопствен производствен капацитет во ТИРЗ и вкупен број на вработени 1.200 лица. Планираме развој на нашите капацитети, со зголемување и диверзификација на производството, како и воведување нови технологии, секако и обука на потребни квалификувани работници, истакна Лудвиг Батон, директорот на „ОДВ Електрик“.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза