Пешевски ги посети поплавените во Куманово

Од:

Вицепремиерот Владимир Пешевски денеска ги посети семејствата, претежно социјално ранливи категории граѓани, чии домови претрпеа штети од завчерашното излевање на реките во Кумановско, а кои привремено се сместени во спортската сала на училиштето „Крсте Мисирков“. Денеска тие добија пакети со храна и хигиенски производи.

– Преку Црвениот крст уште во синоќешните часови организиравме во Куманово да пристигнат првите количини на храна, кебиња, душеци и хигиенски производи, изјави вицепремиерот Пешевски.

Најави дека денеска ќе пристигне дополнителна помош, а дел од сместените во училишната сала побараа од вицепремиерот и помош за обезбедување на лекови.

– Потребно е да се обезбеди и лекарска нега за дел од граѓаните. Тие веќе се прегледани од лекари од итна помош и до вечерва ќе се обезбедат и потребните медикаменти за терапија, рече Пешевски.

По повлекувањето на водата, додаде, потребно е да се започне со акција за расчистување на домовите на жителите од населбите кои претпреа штета.

– Најважно е да се пристапи кон расчистување, бидејќи водата се повелекува од нивните куќи. Очекувам во текот на утрешниот ден оваа акција да започне, потенцира вицепремиерот.

Порача дека се што е во надлежност на Владата ќе биде спроведено и дека проблемите ќе се решаваат тековно согласно потребите.

Во училшните сали во основните училишта „Крсте Мисирков“ и „11 Окотмври“ во Куманово привремено се сместени близу 200 лица.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во Кина, повеќе од 50.000 луѓе се раселени

Горан Наумовски

Голема поплава во Русија, илјадници евакуирани

Поплави во долината Неретва

(ВИДЕО) Големи поплави и загинати во Бразил

(ВИДЕО) Поплави во Австралија, во поплавена улица плива крокодил

(ВИДЕО) Црна Гора: Поплавени улици, куќи и мостови, вода влегла и во итната медицинска помош

Горан Наумовски