Пешак повреден во Неготино

Од:

Педесетгодишен пешак бил повреден вчера од патнички автомобил марка „фолксфаген буба” со неготински регистарски таблички на улицата „Пекарев“ во Неготино, информира денес Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.

– Автомобилот бил управуван од дваесет и четиригодишниот М.Д. Повредениот Д.М. од Неготино се здобил со телесни повреди. Бил пренесен во ЈЗУ Општа болница Неготино, а по укажаната медицинска помош бил пуштен на домашно лекување, појаснува Додевски.

Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Неготино.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози