Пешак го загуби животот во сообраќајка кај кичевско Колари

Од:

Пешак го загуби животот во тешка сообраќајна незгода што синоќа во 18 часот се случила на магистралниот пат Кичево – Гостивар во близина на селото Колари.

Од здобиените повреди, на лице место починал С.А. од Скопје, а неговата смрт ја констатирала екипа на Службата за итна мединцинска помош што била повикана на местото на настанот.

Сообраќајната незгода се случила кога сега починатиот С.А. кој се движел до коловозот кон Гостивар, во еден момент започнал да го преминува магистралниот пат при што директно бил удрен од товарно моторно возило марка „Мерцедес“ со скопски регистарски ознаки што по патот се движело во насока од Кичево кон Гостивар.

На местото на сообраќајната незгода бил извршен увид во присуство на јавен обвинител и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Кичево. За време на увидот што траел до 21 часот сообраќајот на патниот правец се одвивал со наизменично пропуштање на моторните возила.

По наредба на јавниот обвинител, во текот на денешниот ден ќе се изврши обдукција врз сега починатиот.

Би можело да ве интересира

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски