Не постигнувањето на договор околу извештајот за минатогодишните настани во Собранието на Република Македонија меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, за кој ПЕП 21 во предходниот период предупреди дека ќе се случи, претставува крајно несериозен и страмен политички чин, кој пред се се користи за освојување на партиски, а и за лидерски поени.
Тоа значи дека Република Македонија и нејзините граѓани се заробени во еден црно-бел свет намерно создаден од посочените партии и никоја од нив не го зеде во предвид интересот на граѓаните, оние кои гласаат на парламентарните избори и ги гласаа токму за решавање на постоечките, а не за креирање на нови проблеми.
Вината за пропаста на политичкиот процес не е единечна туку двојна. Во позадина, двете страни, одамна како да планирале да го обезглават Парламентот, затоа што се неумешни да ја водат државата во ЕУ и НАТО, во подобра и перспективна иднина за граѓаните на Република Македонија. Истите лица, повеќе години намерно или не, свесно или несвесно го уриваат дигнитетот на Република Македонија.
Згора на се „Село гори–ДОМ се чешла“. ДОМ како да живеат и политички делуваат во друго време, во некој паралелен свет. Па така наместо како коалиционен партнер на власта да пристапи сериозно кон актуелната сериозна ситуација во која се наоѓаме, тие денес се сетиле на квалитетот на воздухот во градот.
Г-да од ДОМ, ПЕП 21 очекува од Вас како пратеници во Собранието и сведоци и учесници на настаните во Собранието на 24 Декември 2012 година да бидете сериозни и да се произнесете за процесите што ја следат комисијата. Вие или сметате дека граѓаните не сфаќаат какво сценарио е во игра или ви се битни само партиските и лични поени и рејтинзи?!