ПЕП 21: Претседателот Иванов да ја почитува институцијата Претседател

Од:

„Партија за економски промени 21 (ПЕП 21) го повикува Претседателот Иванов да не продолжува со игрите режирани од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи и нанесува штета на Република Македонија. Од друга страна мнозинството граѓани на Република Македонија јасно покажаа дека се за промени.

Свесен дека „Коалицијата за живот во Македонија“ предводена од СДСМ и Зоран Заев ќе обезбеди мнозинство за формирање Влада, тој купува време во интерес на криминалците на ВМРО- ДПМНЕ.

Претседателот Иванов со одлуката да го даде мандатот на партијата односно коалицијата со освоени најголем број пратенички мандати, без претходно извршени консултации и барање од мандаторот да докаже мнозинство во Собранието, а согласно соопштението од ВМРО-ДПМНЕ дека како партија и коалиција не е во можност да обезбеди мнозинство, има единствено решение мандатот да го додели на втората по ред партија односно коалиција по број на освоени пратенички мандати, односно на СДСМ и коалицијата предводени од Зоран Заев, а сево ова и како усвоена практика во сите демократски земји.

На Претседателот Иванов, треба да му е веќе сосема јасно дека, конечно и тој треба да ја почитува институцијата Претседател наместо да ја искористува и злоупотребува заради личните интереси на Никола Груевски и негово спасување од кривична одговорност.

Претседателот Иванов конечно мора да се одважи како единствена личност која има уставна обврска за доделување на мандат за формирање на Влада, и тоа да го стори уште во текот на денешниот ден почитувајќи ја вољата на мнозинството на граѓани кои гласаа за промени и мандадтот да го довери на Зоран Заев, кој изјави дека e убеден дека ќе го обезбеди парламентарното мнозинство и ќе формира влада во интерс на граѓаните.

Претседателот Иванов ако навистина како што вели работи во име на народот и граѓаните на Република Македонија, ќе мора да го стори тоа и конечно да ја ослободи Македонија од спрегите на криминалната власт од изминативе десетина години“, се вели во соопштението на ПЕП 21.

Би можело да ве интересира

ПЕП 21: Иванов свесно ги прекршува Уставот и законите

Ана Ололовска

ПЕП 21: ВМРО-ДПМНЕ го силува изборниот процес

Емир Латифовиќ

ПЕП 21: Обид за легализација на криминалот

Ана Ололовска

ПЕП 21 се приклучува на утрешниот протест пред Уставниот суд

Емир Латифовиќ

ПЕП 21: Работниците во Македонија итно да изберат незвисни синдикални лидери

Емир Латифовиќ

ПЕП 21: Предизборна мамка за ловење во матно

Ана Ололовска