ПЕП 21 се приклучува на утрешниот протест пред Уставниот суд

Од:

ПЕП 21 се приклучува во борбата против неуставната одлука на Уставниот суд дополнително да овозможи нови криминални, незаконски и нелегитимни избори во полза на ДПМНЕ, велат од партијата.

Затоа ПАРТИЈА ЗА ЕКОНОМСКИ ПРОМЕНИ 21 (ПЕП 21) ќе се приклучи на утрешните протести пред Уставниот суд поради срамната одлука на дел од Уставните судии со која сакааат да ја спасат од одговорност ДПМНЕ и нејзините високи функционери ,кои со криминални делувања години наназад спроведуваа криминални избори и се стекнаа со нелигитимни мандати.

ПАРТИЈА ЗА ЕКОНОМСКИ ПРОМЕНИ 21 (ПЕП 21) смета дека е срамно и неуставно Уставниот суд да донесува одлука со која Претседателот ќе амнестира лица гонети за изборни криминали.

ПЕП 21 очекува ДПМНЕ и нејзиното раководство да одговара меѓу другото и за изборен криминал, а воедно на ДПМНЕ да му биде забрането да учествува на избори во следни изборни процеси.

ПЕП 21 се залага за слободни, фер и демократски избори од кои по слободно изразена воља на граѓаните ќе произлезат легитимни мандати.

Би можело да ве интересира

ПЕП 21: Иванов свесно ги прекршува Уставот и законите

Ана Ололовска

ПЕП 21: Претседателот Иванов да ја почитува институцијата Претседател

Ана Ололовска

ПЕП 21: ВМРО-ДПМНЕ го силува изборниот процес

Емир Латифовиќ

ПЕП 21: Обид за легализација на криминалот

Ана Ололовска

ПЕП 21: Работниците во Македонија итно да изберат незвисни синдикални лидери

Емир Латифовиќ

ПЕП 21: Предизборна мамка за ловење во матно

Ана Ололовска