ПЕП21: Крахира социјалната програма на Владата

Од:

Зголемен е бројот на корисници на народните кујни и тоа е доволен показател дека крахира социјалната и економска програма на Владата. Партијата ПЕП 21 смета дека итно треба да се преземат мерки за намалување на процентот на сиромашните граѓани, преку инвестирање во реалниот сектор, со цел долгорочно вработување на невработените лица и право на првенство на социјалните случаеви при вработување.

– Преполни народни кујни вообичаено е да се сретнуваат во моменти на недај боже војна, земјотрес, поплави и слично, кога граѓаните се принудени да егзистираат одреден временски период хранејќи се во истите. Бараме владата да донесе одлука со која ќе забрани институциите на власта и нивни претставници да ја користат незавидната положба на сиромашните граѓани, собирајќи политички поени додека се сликаат и даваат изјави со нив. Сметаме дека треба да се направи итна реформа на социјалната политика со цел на социјално загрозените лица да не им се навредува достоинството. Положбата на сиромашните граѓани, кои според сите податоци секојдневно е се полоша, не смее да се користи за сензационалистичка политичка промоција, туку Владата треба веднаш да ги решава егзистенцијалните проблеми – велат од партијата.

Би можело да ве интересира

ПЕП 21: Иванов свесно ги прекршува Уставот и законите

Ана Ололовска

ПЕП 21: Претседателот Иванов да ја почитува институцијата Претседател

Ана Ололовска

ПЕП 21: ВМРО-ДПМНЕ го силува изборниот процес

Емир Латифовиќ

ПЕП 21: Обид за легализација на криминалот

Ана Ололовска

ПЕП 21 се приклучува на утрешниот протест пред Уставниот суд

Емир Латифовиќ

ПЕП 21: Работниците во Македонија итно да изберат незвисни синдикални лидери

Емир Латифовиќ