ПЕП 21: Претседателот Ѓорѓе Иванов нов директор на ЈП Паркови и зеленила?

Од:

Крајот на функцијата Претседател на професорот Иванов, ПЕП 21 смета дека е ист како што и започна, без малку како да Република Македонија последниве години и немаше Претседател.

„Како Претседател и врховен командант, тој барем можеше да прошета во касарните на АРМ  и да ги праша  војниците  што се случува во Армијата, кои се нејзините слабости, добри страни или потреби? Дали на припадниците на АРМ им требаат нови војнички чизми? Дали на Армијата и треба нова опрема? Но, тоа не се случи. Професорот го потроши мандатот без да остави позитивна трага во државата за време на неговиот мандат.Шансата да остане запаметен по нешто „претседателски“, Претседателот Иванов ја прокоцка“, велат од ПЕП 21.

pepzname2Професорот Иванов, на функцијата дојде тивко по барање на ВМРО-ДПМНЕ, а најверојатно и така ќе си замине, укажува ПЕП21.

„Професорот Иванов ја заборави основната лекција што им ја предаваше на своите студенти, демократијата функционира за потребите на народот, а не за подинци или одредени моќни групи во македонските партии.

– Го гледаме Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов во придружба на директори, општински советници и пратеници во пладневни прошетки како отвора  паркчиња и детски игралишта во средини каде не се решени основните елементарни потреби за  граѓаните, односно легализацијата на дивоградбите е далеку од реализација, улиците се раскопани и калливи, нема градинка, нема училиште, амбуланта, пензионерски клубови и многу друго“, велат ПЕП 21.

ПЕП 21 прашува дали ова значи дека по заслуга Претседателот Ѓорѓе Иванов, по завршувањето на функцијата слободно ќе може да избира што ќе работи: Директор на ЈП „Паркови и зеленила“, ќе је земе претседателската пензија или ќе ја одбере професорската плата, односно ќе се врати на Правниот факулет во Скопје „Јустинијан Први“.

 

Би можело да ве интересира

ПЕП 21: Иванов свесно ги прекршува Уставот и законите

Ана Ололовска

ПЕП 21: Претседателот Иванов да ја почитува институцијата Претседател

Ана Ололовска

ПЕП 21: ВМРО-ДПМНЕ го силува изборниот процес

Емир Латифовиќ

ПЕП 21: Обид за легализација на криминалот

Ана Ололовска

ПЕП 21 се приклучува на утрешниот протест пред Уставниот суд

Емир Латифовиќ

ПЕП 21: Работниците во Македонија итно да изберат незвисни синдикални лидери

Емир Латифовиќ