„Партијата за економски промени 21 (ПЕП21) најостро ги осудува постапките на послушниците од Собранието на РМ односно нелегитимните пратеници на ДПМНЕ и ДУИ со кои сакаат да го легализираат криминалот во Република Македонија и да ги наградат криминалците.
Со Предлог- измените на ЗКП, ДПМНЕ и ДУИ ги признаваат сторените криминали, па преку ова сакаат да се спасат од казни и одговорност.
Ја прашуваме Светлана Јакимовска дали има барем малку морал и совест, дали може мирно да спие, дали не се плаши од Божја казна за злото што го нанесува спасувајќи ги Груевски и неговите соработници?
Очигледна е намерата за усвојување на овие срамни Предлог- измени на ЗКП, па затоа ПЕП 21 бара овие привилегии и поволности за криминалците кои ги предлагаат ДПМНЕ и ДУИ да не важат за носители на јавни функции и за кривични дела сторени од позиција на вршење на јавна функција“, се вели во сооппштението на ПЕП 21.