Пензионерка од МВР: Пепиќ ми рече зборено е со Надица да се издадат државјанства без лично присуство

Од:

Пензионираната вработена во МВР, Виолета Димитровска, во денешното сведочење за предметот за изборен криминал на СЈО, „Титаник”, ја појаснуваше процедурата за издавање државјанства во Министерството.

Димитровска рече дека во нејзината 35-годипна кариера, барања за државјанство се поднесуваат или лично или со полномошник.

Но, само еднаш имала поинаква пракса, кога вработениот во Министерството за правда, Мунир Пепиќ, и’ рекол дека ја известил оти има лица кои исполнуваат услови за државјанство, но се во тешка материјална состојба и не можат лично да поднесат барање, па нивните барања да биле поднесувани преку претставник чие име почнува на буквата “А”, кој имал приближно 40 години.

„Од Мунир Пепиќ ми беше пренесено: Вики, сега идам откај началничката Надица Велевска. Имам лица што исполнуваат услови за државјанство, но се во тешка материјална состојба и не можат да дојдат поединечно, а имаат свој претставник кој ќе ги носи нивните барања пополнети. Така е договорено и со Кире од Кабинетот“, се присети сведокот.

„Ништо не реков, но не ми беше пријатно. Се качив горе во Секторот и се видов до Надица. Таа ми рече: Вики, што да ти кажам, што да ти речам?”, сведочеше Димитровска.

Сведокот кажа дека тоа траело една година, од април 2014 до април 2015 година, а нејзината улога била само да се примат барањата и да се предадат.

Адвокатот на Мунир Пепиќ со раце му даваше знаци на клиентот да не му поставува прашања на сведокот од МВР, кога тој крена рака за да ја испрашува Димитровска.

Во предметот „Титаник“, кој е во доказна постапка, покрај експремиерот Никола Груевски ќ, за серија кривични дела во поврзани со изборен криминал обвинети се ексзаменичката за правда, Билјана Бришкоска Бошковски, ексшефот на кабинетот на Груевски, Мартин Протоѓер, пратеникот Илија Димовски, поранешните министри Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, ексградоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, двајца од Агенцијата за разузнавање: Киро Тодоровски и Мунир Пепиќ, како и уште 11 други обвинети, вработени и членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Првокласно мени од Титаник продадено за 75.000 евра

Горан Наумовски

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески