Пензионерите од виничко Драгобраште бараат реактивирање на здравствениот пунк

Од:

Околу 180 пензионери од виничко Драгобраште бараат активирање на постоечкиот здравствен пункт кој не е во функција повеќе од 13 години. Жителите на ова село од разбиен тип се принудени за каква било лекарска интервенција да плаќаат такси и трошоци до градот и да поминуваат 10 километри. Селската амбуланта е градена уште во 1950 година и оттогаш била во функција на сите околни села во овој дел на општината.

– Сосостојбата е алармантна. Населените места Пеклани, Крушево и Трсино ги посетува лекар и медицинска сестра, додека нашето село го прескокнуваат.затоа сме принудедни здравствена помош да бараме во градот, вели Јован Темелков, пензионер од село Драгобраште.

Овој проблем постојано е на дневен ред и на виничкото Здружение на пензионери кое во неколку наврати писмено и усно апелираше до надлежните институции

– Ние на неколкупати разговаравме со Домот за народно здравје во Виница за надминување на проблемот со лекар и друг медицински персонал во селото Драгобраште, но оттаму секогаш добивавме одговор дека нема доволно медицински персонал. Проблемот со основната здравствена заштита на овие пензионери останува отворен, изјави Драги Петров, претстедател на Здружението на пензионери од Виница.

Од Здравствен дом Виница потврдија дека селата Лаки и Драгобраште се единствени кои немаат активирано соодветен лекарски пункт, но старите лица и пензионерите имаат редовна контрола од страна на руралниот доктор. Меѓутоа се прават напори со матичниот лекар во Трсино и Пеклани за преземање и на пациентите во с. Драгобраште. Сепак, покрај пензионерите не помала потреба од реактивирање на пунктот имаат и останатите жители, пред се имајќи го предвид фактот дека во селото работи и деветолетка во која учат 120 ученици, и од него досега иселувањето е запрено.

Би можело да ве интересира

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите

Жена од Виница била нападната од нејзиниот зет

СДСМ: Mицкоски ги излажа пензионерите, нема зголемување на пензиите за 5.000 денари како што ветуваше

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

АНАЛИЗА: Пензискиот фонд не може да “живее“ без буџетски трансфери

Предраг Петровиќ