А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Пензионерите можат да се пријавуваат за бања до 15 февруари

by А1он24/01/2019 - 14:50388
Share0

Сите заинтересирани пензионери до 15 февруари  годинава можат да се пријават за користење на услугата бањско – климатска рекреација на корисниците за 2019 година.

Добивај вести на вибер

Oваа услуга, како што информираат од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, можат да ја користат лица – корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија, кои живеат на територијата на Република Македонија.

Услугата може да се користи еднаш, во периодот од март до ноември 2019 година, во траење од седум дена и опфаќа шест полни пансиони, (ноќевање со три оброка дневно), бањска терапија, еден задолжителен здравствен преглед и трошоци за превоз во висина на повратна автобуска карта од местото на живеење на корисникот до установата во која ќе се користи услугата бањско – климатска рекреација.

Лицата – корисници на пензија, кои користат и паричен надоместок за помош и нега од друго лице, додаток за мобилност или слепило, имаат право на придружник за време на бањско – климатската рекреација.

Услугата може да ја користат корисници на пензија, чиј износ за ноември 2018 година изнесувал до 17.000 денари.

Бодирањето ќе се врши зависно од висината на пензијата, од 1 до 100 бода, при што, понискиот износ на пензија ќе носи повеќе бодови. Доколку корисникот на пензија користи и дел од пензија која се исплатува од друга држава, при бодирањето ќе се земе во предвид и износот на пензијата која се исплатува и од другата држава.

За користење на бањско – климатската рекреација, потребно е да се поднесе барање до филијалите и деловниците на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, според местото на живеење на корисникот на пензија. Барањето го издава Филијалата/Деловницата на Фондот на ПИОМ.  

Корисниците на пензија, кои од 2010 до 2018 година ја користеле услугата бањско – климатска рекреација, или бесплатен туристички викенд, не може да ја користат услугата бањско – климатска рекреација во 2019 година.

Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија, задолжително писмено ќе го известат подносителот на барањето за установата во која ќе биде упатен и периодот на користењето на услугата.

Списоците на корисниците на пензија на кои им е одобрено користење на услугата бањско – климатска рекреација, ќе бидат објавени во филијалите и деловниците на Фондот на ПИОМ, како и на веб- страницата на Министерството за труд и социјална политика: www.mtsp.gov.mk и на веб- страницата на Фондот на ПИОМ: www.piom.com.mk.

penzioneripiom

Би можело да ве интересира

МСП: Исплатата на пензиите продолжува редовно, постапката во Уставниот суд не менува ништо во сегашниот модел

Горан Наумовски02/12/2025 - 14:32

Управниот одбор на Фондот на ПИОМ го усвои Годишниот план за работа на Фондот за 2026 година

Горан Наумовски01/12/2025 - 15:58

Мемов: Линеарното зголемување на пензиите е одлука на Владата, но Уставниот суд ќе го даде конечниот став

Предраг Петровиќ30/11/2025 - 16:55

ФОНД НА ПИОМ: Пензионерите и осигурениците можат да бидат спокојни пензии редовно се исплаќаат и ќе се исплаќаат и во иднина секој први во месецот

Предраг Петровиќ29/11/2025 - 17:15

Филипче: Оджливоста на ПИОМ е нарушена, сметката празна – власта ги става во ризик и пензиите на идните генерации

Предраг Петровиќ29/11/2025 - 14:5129/11/2025 - 14:54

Пензионерите кои се за линеарно зголемување на пензиите ќе протестираат во понеделник пред Уставниот суд

Предраг Петровиќ29/11/2025 - 14:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен