Пенс: Иднината на Западниот Балкан е на Запад

Од:

Идината на Западниот Балкан е на Запад, изјави денеска во Подгорица американскиот потпретседател Мајк Пенс и најави дека ќе работи на врската помеѓу ЕУ, Балканот и САД.

Пенс на заедничката прес-конференција со црногорскиот премиер Душко Марковиќ изјави дека неговата посета на Црна Гора ја потврдува поддршката на САД на регионот.

– Влезот на Црна Гора во НАТО е историски успех и ја покажува силата на оваа земја само десет години по обновата на независноста. НАТО се состои од големи и мали држави, но САД немаат мали сојузници и ние го цениме нашето ново сојузништво во НАТО, истакна Пенс.

Тој рече и дека иднината на регионот е на запад.

– Верувам дека иднината на Западниот Балкан е на запад и се радувам што ќе работиме на јакнење на врската помеѓу ЕУ, Балканот и САД, нагласи Пенс.

Американскиот потпретседател Пенс кој вчера допатува во дводневна посета на Црна Гора денеска ќе учествува на Самитот на Јадранската повелба. Домаќини на собирот се Црна Гора и Македонија која моментно претседава со Јадранската повелба.

На собирот покрај домаќинот црногорскиот премиер Марковиќ и македонскиот премиер Зоран Заев присуствуваат и премиерите на Хрватска, Андреј Пленковиќ, на Албанија, Еди Рама, на БиХ, Денис Звиздиќ, српската премиерка Ана Брнабиќ и претседателот на Косово Хашим Тачи.

Тема на Самитот се евроатлантските процеси во регионот, јакнење на реформите и улогата и придонесот на Јадранската повелба кон регионалната и глобалната безбедност. На Самитот се предвидени повеќе билатерални средби.

Би можело да ве интересира

Аракчи: Нападите на САД и Израел врз нуклеарните постројки би можеле да го изложат регионот на зрачење

Абдулахи до Трамп: Портите на пеколот ги чекаат агресорите

„Епски бес“ без излез: Дали САД влегуваат во нов Виетнам?

Документирани загуби на американските воздухопловни сили

Иран тврди: „Соборивме американски Ц-130, соборивме и хеликоптери“

Золфагари: Иран собори уште еден американски „Херкулес“