Пенов: Наши приоритети за следниот мандат се активности за почисто и позелено Скопје

Од:

Како највозрасен меѓу советниците во Советот на Град Скопје, поранешниот градоначалник на главниот град и член на Либерално-демократската партија, Ристо Пенов ја имаше честа да претседава со првата седница на новиот состав.

Со искуство, стабилност и визија, Пенов повторно ја потврди заложбата на ЛДП – Скопје да стане модерен, зелен и функционален град за сите.

„Нашите приоритети за следниот мандат се активностите за почисто и позелено Скопје, воспоставување на паметен и одржлив сообраќај, модерен урбан развој на градот и зголемено ниво на транспарентност и соработка меѓу градот и општините“, изјави Ристо Пенов.

Ристо Пенов влезе во Советот како носител на советничката листа за Град Скопје на коалицијата „Искуство за успех“.

Меѓу останатите програмски заложби на господинот Пенов се и загарантираниот буџет за велосипедски патеки и инфраструктура, субвенциите за велосипеди за граѓаните кои со нив одат на работа и повторното заживување на Градскиот Трговски Центар.

Би можело да ве интересира

Пенов: Ќе бидам разумот кој ќе поддржува добри проекти во Скопје

А1он

Пенов: Поради необезбедено двотретинско мнозинство не може да се смени и дел од Законот за локална самоуправа

(Интервју) Ристо Пенов: Позитивно сум изненаден од Арсовска, Владата треба да ѝ помогне

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Скопје заложник на штрајкови и блокади – дали е законски и зошто се дозволува протести со блокирање?

Анита Петровска Рајковиќ

„Ова е самоволие, и јас едвај излегов од Скопје“, Пенов најави мерки за блокадите

Кристијан Ландов

Милевски му ја предаде функцијата на Пенов