Пенков: Приоритет за Неготино е обезбедување и регулирање на паркинг просторот во центарот на градот

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Неготино од ВМРО-ДПМНЕ, Златко Пенков денеска презентираше дел од својата програма за општината.

-Приоритет за нашата општина во следните четири години е обезбедување и регулирање на паркинг простор во центарот на Неготино со што ќе се реши сообраќајниот метеж во централното градско подрачје. Недостигот на паркинг места се наметнува секојдневно и затоа јас и мојот тим ќе обезбедиме дополнителни паркинг места во градот, а ќе ја разгледаме можноста за воведување зонско паркирање во централното градско подрачје, истакна Пенков, додавајќи дека со тоа ќе се стави ред на сообраќајот во Неготино.

Посочи дека во програмата е предвидена изградба на кружните текови.

-На влезот на Неготино кај Спортско рекреативниот центар „Младост“, во центарот на градот и на излезот на градот кон Кавадарци. Со изградба на овие кружни текови ќе дојде до полесно одвивање на сообраќајот во центарот на градот како и полесно и побезбедно вклучување на сите учесници во сообраќајот на излезот кон Кавадарци и на влезот на Неготино од двете страни на градот, со можност на приклучување на улицата „Индустриска“ наменета за движење на тешки товарни возила, нагласи Пенков.

Вели дека општина Неготино поседува соодветни човечки ресурси и добра инфраструктура, потенцирајќи дека со домаќинско работење тој и неговиот тим ќе овозможат овие проекти да се реализираат во целост.

Би можело да ве интересира

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски

1.451 домашни и странски набљудувачи се акредитирани за локалните избори

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ