Пендаровски во Загреб: Се сретна со Месиќ, беше во македонската црква и го посети музејот на Дражен Петровиќ

Од:

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на официјалната посета на Република Хрватска и проектот „Лице в лице со Претседателот“ ја посети Македонската православна црква „Света Злата Мегленска“ во Загреб, оствари средба со поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ и го посети Музејскиот меморијален центар „Дражен Петровиќ“.

При посетата на „Света Злата Мегленска“, Пендаровски од страна на надлежниот парохиски свештеник, отец Кирко Велински беше запознаен со напорите за доизградба на објектот на црквата, која е прва македонска православна црква што се гради во Хрватска.

На средбата со Месиќ беа разменети мислења за билатералните односи меѓу двете држави, како и за перспективите за интеграцијата на регионот на Западен Балкан во Европската Унија.

Во Загреб претседателот Пендаровски го посети Музејскиот меморијален центар „Дражен Петровиќ“, посветен на животот на еден од најдобрите хрватски кошаркари на сите времиња.

Би можело да ве интересира

Иако е жив, го прогласија за мртов – промена на идентитет со сериозни последици

А1он

Анкета: Огромно мнозинство Хрвати сметаат дека нападот врз Иран не е оправдан

Предраг Петровиќ

Го убија, пренесоа и го запалија неговото тело во близина на Сплит, поднесено обвинение

Хрват избоде двајца Авганистанци во Линц, едниот почина

Ценовен шок на хрватскиот брег: „Сезоната дури и не започнала, а сокот чини четири евра“

Три тела се пронајдени во куќа во Пореч