Пендаровски во водство со 4.606 гласови

Од:

Стево Пендаровски е во водство со 4606 гласови, според последните податоци од Државната изборна комисија (ДИК). Од обработени 98,8 избирачки места, кандидатот за претседател на СДСМ и коалицијата освоил 323.846 гласови или 42,85 отсто од гласовите.

Гордана Сиљановска-Давкова, кандидатката од ВМРО – ДПМНЕ, според последните податоци од ДИК освоила 319.240 гласови или 42,24 отсто од гласовите.

На изборите од досега обработените податоци гласеле вкупно 755.816 гласачи, а одѕивот е 41,82 отсто. На шестите по ред претседателски избори досега се избројани 32.828 неважечки ливчиња.

„Денешниот ден помина во мирна атмосфера, без посериозни забелешки од набљудувачите, организиравме фер и коректен изборен ден. Во вториот круг влегуваат Силјановска и Пендаровски“, рече доцна синоќа Оливер Дерковски, претседател на ДИК и најави официјални резултати за денес или во наредните денови доколку има потреба од приговори или прегласувања.

Маја Илиевска-Пачемска

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?