Пендаровски во Валандово: Во недела гласаме за развој, интеграција и напредок

Од:

Валандово и цела Македонија на 21ви април и 5ти мај ќе слават победа на опцијата која нуди економски развој, подобар и побогат живот, повисок животен стандард и сигурна иднина, порача Пендаровски денеска.

– Вашиот сограѓанин кој досега недостојно ја извршуваше функцијата претседател, работеше против граѓаните и поддржуваше само една партија. Сите проекти кои носат добро на народот и државата ги кочеше.

Противкандидатката Сиљановска има амбиции да биде иста како него и гласот за неа на изборите ќе значи и глас политиките на Иванов да продолжат. Но знам дека граѓаните овде во Валандово, граѓаните низ целата држава нема да дозволат тоа да се случи, порача Пендаровски.

Пендаровски пред граѓаните порача дека со решавањето на отворените прашања се отворија вратите кон ЕУ и НАТО и затоа потребно е да се искористи позитивниот момент и да продолжи процесот на интеграција во двата најголеми светски сојузи.

– Затоа, во недела на 21ви април масовно да гласаме за број 3, да победи концептот на напредок, на инетргација и развој. Продолжуваме заедно напред, повика Пендаровски.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“