Пендаровски: Во ваква ситуација невозможно е да организирате избори кои ќе бидат третирани како легитимни

Од:
Поголем број од граѓаните нема да ги третираат изборите како легитимни, смета претседателот Стево Пендаровски за евентуалното одржување на превремените парламентари избори на 12 април.
Тој вели дека неговиот став е дека изборите треба да се одложат, но утре, на лидерската средба, Пендаровски рече дека ќе биде само домаќин.
„Собранието е во постојано заседание, вели нашиот Устав. Не дај Боже војна, немаме Собрание? На Советот за безбедност и претседателот на Собранието беше тука. Значи ако Собрание нема, како има претседател на Собрание? Јас тврдам дека и политички и правно е можно, ако затреба и ако не дај Боже има ситуација, но и ако согласат политичките партии и пратениците, во законски потребните мнозинства да ја поништат својата претходна одлука и се надевам дека утре во 12 часот, каде јас сум само добар домаќин, лидерите ќе решат да ги одложат изборите бидејќи во оваа ситуација не е возможно да организирате избори кои ќе бидат третирани како легитимни од поголем број на населението“, вели Пендаровски.
Уставниот суд во 2015 одлучи дека е противуставно да се распушта на Собранието и повторно да се  собира, а Пендаровски рече дека одлуката има голем број правни недостатоци.
„Таа одлука на Уставниот суд има голем број правни фалинки. Меѓутоа не одам понатаму од тоа. Мојот став е дека може да се одложат изборите иако има одлука за распуштање на Собранието“, додаде Пендаровски.

Би можело да ве интересира

САД на страната на Русија: Во Советот за безбедност на ОН, одби да ја потпише осудата поради Грузија

Предраг Петровиќ

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре ја свика втора седница на Советот за безбедност

Пендаровски кој доби функција на поклон од Заев, се обидува да дели лекции за државност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Петрушевски: Пендаровски и СДС ги рушат националните позиции, и не можат да се помират со фактот дека Владата гради силни односи со САД

Николовски: Стево троши пензијата, не се брукај, не ја руши позицијата на Македонија

Америка стави вето на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за прекин на огнот во Газа