Пендаровски во Старо Нагоричане: Гласот за мене е глас за инвестиции

Од:

-Тргнаа работите. Ако одиме со ова темпо во јуни ќе добиеме датум за почеток на преговорите со ЕУ, со што се отвораат можностите, ќе можеме да повлекуваме пари од фондовите во висина од стотици милиони евра. Тоа значи пари и за развој на овој крај, рече Пендароски на средба со жителите во Старо Нагоричане.

Тој зборуваше и за можностите кои ги отвораат интеграциите во НАТО и ЕУ.

Само така може земјоделството да го забрза развојот и младите да ги задржиме тука.

Вашиот глас одлучува. Гласот за мене е глас за инвестиции, да влезат повеќе пари во државата, да има добра работа и поголеми плати. Затоа на 21ти април и на 5ти мај, дајте ја поддршката за напредокот, не само за мене туку и на оваа опција која води кон ЕУ и НАТО“, рече Пендаровски.

Другата опција, посочи, не нуди ништо освен враќање назад и блокади.

-Гласот за Сиљановска е глас за враќање назад. Да не дозволиме тоа да се случи, да не дозволиме парите да одат кај фамилијата наместо кај граѓаните, додаде тој.

Затоа повика Пендаровски, масовно да се излезе на избори, да се избере опцијата која нуди евrопски перспективи и развој, која нуди цврсто газење по патот кон ЕУ и НАТО кон сигуна иднина.

Би можело да ве интересира

Можни резултати од унгарските избори, и што секој од нив ќе значи

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“