Пендаровски во посета на Илинден, Зелениково и Петровец: Ќе победиме бидејќи носиме европска иднина, да продолжиме заедно напред!

Од:

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше во посета на Петровец, Илинден и Зелениково каде со граѓаните од овие општини разговараше за повеќе актуелни теми, претседателските избори и напредокот во евроинтегративниот процес.

Пред жителите на општина Петровец, Пендаровски им порача дека по подолг период, државата се приклучи кон развиениот свет и сега треба да се продолжи уште попосветено напред.

– НАТО ни даде покана за членство, со ова е обезбедена нашата сегашност и иднина. Дваесетидевет најмоќни земји сега се со нас, не сме сами. Не се поставува прашањето дали ќе не биде. Република Северна Македонија сега е своја на своето. Затоа, да ја искористиме шансата и да продолжиме напред, истакна Пендаровски.

На средбите со граѓаните од општина Илинден и Зелениково, Пендаровски потенцираше дека ова е избор помеѓу два концепти, едниот, кој води напред во подобра иднина и вториот, предводен од Сиљановска кој ја враќа државата назад во минатото.

 

– На другата опција која нема план и визија, да им кажеме дека не сакаме повторно враќање во темното минато. Тоа што го постигнавме како Влада и ги отворивме вратите кон ЕУ и НАТО има историски огромна важност бидејќи само по тој пат можеме да ја зајакнеме економијата, да продолжиме да ги покачуваме платите, да бидеме стимул младите да останат дома и тука да градат иднина, порача заедничкиот кандидат Стево Пендаровски.

Убеден сум дека ќе ги потврдиме и продолжиме прогресивните политики и ќе победиме и на 21ви април и на 5ти мај, бидејќи носиме подобар живот и европска иднина за сите. Затоа, заокружете број 3, за да продолжиме заедно напред, повика Пендаровски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДЕА доставила податоци до македонското и српското обвинителство за скандалот со пет тони дрога

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Со денови нема одговор како 5 тони дрога поминаа преку македонската граница, нема приведени, нема осомничени

Горан Наумовски

СДСМ: Реформи во ВМРО, наместо нови лица – стара банда

(ВИДЕО) СДСМ: Криминалецот Симе пука и го цитира Шешељ

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие на Филипче и СДС, во Собрание гласаа против „Безбеден град“, а сега велат да се казнат тие што сакаат да возат нерегистрирани возила и без возачка

СДСМ: Мицкоски не сака да ги покачи платите на работниците, нема веќе изговори, сè е јасно како ден

Горан Наумовски